• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Енис Барди настапи на големото турско дерби меѓу екипите на Бешикташ и Трабзонспор кое заврши без победник (2-2) и во финишот заработи жолт картон затоа што влезе во конфликт со противник.
Се играше судиското надополнување кога Барди од Трабзон и Розие од Бешикташ имаа еден дуел крај аут-линијата. Откако топката заврши надвор од теренот, двајцата имаа што да си кажат. Барди го грабна противникот, но веднаш дотрчаа играчите од двата тима да ја смират ситуацијата.
- Моментот кога Енис Барди доби жолт картон:
Енис Барди за потегот доби свирежи од трибините, а заработи и жолт картон. Што се однесува до головите на натпреварот, Гомез и Трезеге двапати носеа водство за Трабзон, а за Бешикташ израмнуваа Ларсен (автогол) и Ченк Тосун.
Играчот од средниот ред почна од клупата за резерви, а влезе во игра во 56. минута.



