ВИДЕО: Енис Барди „пукна“ прв гол во годината во Купот на Турција

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди го постигна првиот погодок во клупскиот дрес за новата календарска 2026 година, откако погоди за Коњаспор во Купот на Турција.

Коњаспор ја оправда фаворитската улога и славеше над Алиага со сигурни 5-0, а Барди беше стрелец на четвртиот погодок на средбата.

Офанзивниот играч за врска прими топка надвор од казнениот простор и шутираше силно кон голот на ривалот. Чуварот на мрежата имаше лоша проценка, па топката заврши во мрежата, за радост на домашните навивачи.