ВИДЕО: Енис Барди по одлична акција го „стресе“ Атлетик Билбао!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди се запиша во листата на стрелците на натпреварот меѓу Леванте и Атлетик Билбао во рамки на шпанска Примера.

Барди успеа да реализира во 71. минута, за намалување на 1-2. По една одлична акција, фудбалерот од средниот ред доби топка од Мајорал во казнениот простор и лесно реализира.

  • Голот на Енис Барди против Билбао:

За Енис Барди ова е четврти погодок во дресот на Леванте оваа сезона.