• Сашо Поповски

Шпанскиот клуб Леванте и натаму нема решение за неколкуте фудбалери кои се на излезни врати од клубот кој испадна во Сегунда.
Еден од нив е македонскиот репрезентативец Енис Барди. Играчот за врска го продолжи договорот, но само за да обезбеди обештетување за шпанскиот тим во кој настапува од 2017 година.
26-годишникот одбил неколку понуди во изминатиот период. Една од нив пристигнала од МЛС лигата од Соединетите Американски Држави, изјави спортскиот директор Фелипе Мињамбрес.
Барди наскоро ќе мора да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Планот е да си замине од Леванте, но засега нема најава каде би можел да заврши ова лето.