Енис Барди на кампот во Турција ќе убедува за првотимски статус!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е пред предизвик, затоа што на тренинг-кампот во Турција со неговиот Коњаспор ќе мора да го убедува тренерот за првотимски статус.

Медиумите од Турција објавија вест во која велат дека по доаѓањето на Сандер Свендсен од Норвешка, Енис Барди во тимот ќе има нова улога. Капитенот на Македонија ќе игра како „десетка“, но пред него е сериозна задача.

Имено, тренинг-кампот во Анталија ќе биде клучен за Енис Барди. Репрезентативецот ќе мора да ја подигне формата и да го убеди тренерот за место во стартните единаесет. За да добие поголема улога во вториот дел од сезоната, мора да се подобри. Во спротивно, ќе биде повеќе на клупата отколку на теренот.

Заедно со Енис Барди, иста таква задача ќе има и Гиљерме Ситја.