• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Енис Барди повторно беше меѓу најзаслужните за успехот на својот тим, откако Коњаспор славеше со 1-2 на тешкото гостување кај Генчлербирлиги. Барди не само што беше стрелец, туку и клучен играч во пресвртот кој им ги донесе трите бодови на гостите.
Дуелот започна со нешто подобра игра на домашните, кои први стигнаа до предност, но тимот од Коња успеа да одговори во вистински момент. Како и многупати досега, токму Барди го презеде водството на теренот и со својот препознатлив инстинкт ја презеде одговорноста
По неговиот гол за 1-2 во второто полувреме и пресврт, Коњаспор презеде целосна контрола врз играта и создаде повеќе шанси. Екипата покажа цврстина, концентрација и карактер, особено во последните минути кога успешно го одбрани резултатот.
Барди уште еднаш докажа дека е лидер и движечка сила на својот тим. Ова е негов трет погодок сезонава, а според турските медиуми, неговите настапи се меѓу најконзистентните во лигата. Со својата енергија, техничка прецизност и влијание врз темпото на игра, тој стана незаменлив дел од средниот ред на Коњаспор.
По овој триумф, клубот од Коња се наоѓа на осмата позиција на табелата со 14 освоени бодови и се доближува до горниот дел од пласманот.
