Енис Барди мета на Алмерија, интересен и за неколку бундеслигаши

Шпанските медиуми пишуваат за иднината на македонскиот репрезентативец Енис Барди и потенцираат дека голема е можноста тој ова лето да ја промени средината и да не остане во Леванте.

„Жабите“ од Валенсија испаднаа во втората лига и Барди е еден од играчите кои се најпосакувани од клубот. Македонскиот фудбалер од средниот ред кој е препознатлив поради доброто изведување на прекините е мета на Алмерија од шпанска Примера.

Алмерија веќе неколку пати стапила во контакт со Леванте за Барди, но, засега, договор нема. Исто така, во текстот на „Естадио Депортиво“ се наведува дека Енис Барди е посакуван и од неколку клубови кои доаѓаат од Бундеслигата.

Пред извесен период Барди одби да премине во МЛС-лигата од каде добил понуда од клуб, чие име засега не е откриено. 27-годишникот е во Леванте од 2017 година.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.