• Иван Димовски

Енис Барди речиси сигурно ќе се раздели со Трабзонспор, а идеално за него и репрезентацијата на Македонија е тоа да биде уште зимава.
Капитенот на нашата селекција не е во плановите на Трабзонспор, па поради тоа си бара опции за иднината. Постоеше поврзување на Барди со Динамо Загреб, а сега се појавија и три турски опции. Бидејќи Трабзонспор е минато, не е невозможно македонскиот играч за врска да остане во Турција.
Според информациите од оваа земја заинтересирани за Барди се трите клуба Истанбул Башакшехир, Бодрумспор и Ејупспор. Најавите велат дека Ејупспор е најблизу до реализација на трансферот и во следните денови ќе бидат познати повеќе информации.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.