• Саше Љолес
Младиот бразилски напаѓач Ендрик повеќе не е дел од првиот тим на Реал Мадрид и кариерата ќе ја продолжи во францускиот Олимпик Лион. Кралскиот клуб одлучи да го испрати талентираниот фудбалер на позајмица, со цел тој да добие поголема минутажа и простор за развој.
Ендрик не успеа да се избори за значајна улога во силната конкуренција во нападот на Реал, па раководството процени дека настапите во Лига 1 ќе бидат од големо значење за неговиот напредок. Во Лион се очекува да добие важна улога и редовно да биде дел од стартниот состав.
Францускиот клуб со овој потег добива млад и перспективен напаѓач, додека Реал Мадрид внимателно ќе го следи неговиот развој и напредок. По завршувањето на позајмицата, Ендрик треба повторно да се врати во Мадрид и да се обиде да се избори за своето место во тимот.







