• Иван Димовски
Реал Мадрид го совлада Хетафе во 33. коло на шпанската Примера со голот на Арда Ѓулер и остана во трката за титулата. На овој натпревар „кралевите“ не одиграа убедливо и тоа можеше да ги чини доста во финишот, но се извлекоа.
Интересна ситуација се случи во 56. минута кога младиот бразилски напаѓач Ендрик излезе сам пред голманот Давид Сориа и наместо да шутира, се обиде да лобува.
- Промашувањето на Ендрик против Хетафе:
Овој потег воопшто не му се допадна на тренерот Карло Анчелоти кој имаше бурна реакција. Притоа, Италијанецот беше прашан за ситуацијата на прес-конференцијата и кажа што мисли.
„Ендрик не смее да ги прави тие работи. Млад е и мора да учи, ама такво нешто во сериозниот фудбал не постои. Кога ќе излезете сам пред гол, мора да шутираше што посилно. Реал не е клуб-циркуз!“, нагласи Анчелоти.
Само осум минути по промашувањето Ендрик беше заменет со Џуд Белингем, па јавноста смета дека тоа му била казната.