Ендрик по заминувањето од Реал и дебито за Лион: Ми се врати насмевката

Екипата на Лион славеше на гостувањето кај Лил во Купот на Франција со 1-2, а победничкиот погодок го постигна младиот бразилски ас Ендрик, играч кој е позејмен од Реал Мадрид. По натпреварот, Ендрик, кој за првпат го облече дресот на Лион, изјави дека по подолго време конечно му се врати насмевката.  

„Многу сум среќен, ова беше мојот прв натпревар. Најважна е победата. Беше тежок натпревар, знаевме дека ќе биде тешко со овој противник. Му благодарам на Бога за шансата да постигнам гол.

Многу сум среќен што ми се врати насмевката. Одлично е, многу подобро отколку што замислував. Можам да се шегувам со целиот тим, добро ги запознав сите, зборувам шпански и англиски. Се чувствувам како дома, многу сум среќен, им благодарам на персоналот, навистина е одлично, им благодарам на сите“, рече Ендрик.

Ендрик поради малата минутажа неодамна се пресели од Реал Мадрид во Лион, кој ќе му плаќа 50% од платата.