ВИДЕО: Ендрик пак стрелаше, Лион е во четвртфиналето на францускиот Куп

Екипата на Лион славеше триумф над Лавал во францускиот Куп (2-0), пласирајќи се меѓу осумте најдобри во најмасовното домашно натпреварување. 

Стрелци за „лавовите“ беа Бразилецот Ендрик и Португалецот Алфонсо Мореира, а двата погодока стигнаа во доцната фаза од второто полувреме. Гостите долго беа во егал-ситуација и можеби се надеваа на изненадување, но нивниот отпор беше срушен во 80. и 94. минута од натпреварот. 

Пласман во следната фаза обезбедија уште екипите на Лориент, Ница и Тулуз, кои славеа победа над Париз ФЦ, Монпелје и Амиен.