Ендрик исклучен поради груб старт, Лион и со играч помалку славеше во Нант

Екипата на Лион продолжува со победничката серија во Лига 1 и шестиот триумф во низа го забележа на гостувањето кај Нант. Конечниот резултат на последниот денешен натпревар во Франција беше 0-1, а Лион со овој триумф колку толку останува во трката за шампионската титулата.

Гостите до посакуваните три бода стигнаа си погодокот на Павел Шулц во 25. минута, а треба да се напомене дека Лион повеќе од половина час играше со играч помалку, откако зимското засилување од Реал Мадрид,, Ендрик, поради груб старт заработи директен црвен картон. 

Голема победа за враќање на лидерската позиција забележа тимот на Ленс, кој го искористи домашниот терен и славеше над Рен со 3-1. Три бода освои и Брест, триумфирајќи над Лориент со 2-0.