Eнди Керол сакаше да дебитира во ЛШ, но падна на прегледите

Поранешниот англиски репрезенатитец и своевремено најскап напаѓач во Премиер лигата, Енди Керол беше на прагот да направи неочекуван трансфер, ама не успеа во тоа.

33-годишниот напаѓач, кој моментално е слободен играч откако не го продолжи договорот со Вест Бромвич Албион, наводно замина за Белгија каде требаше да потпише краткорочен договор со локалниот гигант Клуб Бриж.

Желбата беше Керол во неговите подоцнежни играчки години конечно да дебитира во Лигата на шампионите, но тоа нема да се случи. Медиумите од Белгија пишуваат дека тој паднал на лекарските прегледи затоа што не ги задоволил лекарите со неговата физичка и ментална подготвеност.

Претходно Керол со Ливерпул имаше два настапи во Лига Европа, додека во ова натпреварување настапуваше и како играч на Вест Хем.