• Мартин Танасковски
Еден од клучните фудбалери на Челзи, Енцо Фернандес, е подготвен да побара трансфер по завршувањето на сезоната со цел да изврши притисок врз раководството за евентуална продажба, пренесуваат англиските медиуми.
Аргентинскиот репрезентативец во изминатите денови влезе во конфликт со клубот, откако во едно интервју го опиша Мадрид како идеално место за живот. Оваа изјава беше протолкувана како јасна најава за неговата желба да се пресели во Реал Мадрид, што дополнително ја вжешти атмосферата околу неговата иднина. Ситуацијата прерасна во сериозен проблем, по што раководството на „сините“ одлучи дисциплински да реагира, оставајќи го Фернандес надвор од составот за следните натпревари.
Во меѓувреме, шпекулациите за трансфер во Реал Мадрид стануваат сè поинтензивни. На „Сантијаго Бернабеу“ се подготвува реконструкција на тимот во текот на летото, а светскиот шампион со Аргентина е означен како една од главните мети за засилување на средниот ред.
Сепак, реализацијата на ваков трансфер нема да биде едноставна. Фернандес има важечки договор со Челзи до 2032 година, откако клубот плати 121 милион евра на Бенфика за неговиот ангажман.
Иако неговата моментална пазарна вредност се проценува на околу 90 милиони евра, од Челси се очекува да побараат најмалку 140 милиони за евентуална продажба.




