Емре Чан: Разочаран сум од односот на Лев, повеќе ме ценат надвор од Германија

Играчот од средниот ред на Јувентус, Емре Чан, смета дека селекторот Јоаким Лев едноставно не ги цени неговите игри за „старата дама“ и поради тоа е разочаран.

25-годишниот фудбалер со турско потекло за „панцирите“ дебитираше во 2015 година и одигра 25 натпревари, на кои запишано i еден погодок. Чан забелешки за Лев имаше и претходно, откако не беше повикан за Мундијалот во Русија.

„Јас нема да коментирам, другите нека пресудат. Но, едно е сигурно, моите резултати многу повеќе се ценат надвор, него во Германија. Се надевав до последен момент дека ќе добијам повик од Лев, но повторно тоа не се случи. Мој приоритет и во иднина ќе биде да бидам еден од носителите на игра на репрезентацијата на Германија и од тоа нема да се откажам“, изјави Чан.

Веќе денес Германија ќе ги одмери своите сили со Србија во пријателски натревар во Волфсбург, додека четири дена подоцна во рамките на првото коло од квалификациите за пласман на ЕУРО 2020 година ќе игра против Холандија.