Емре Чан бесен: Шокиран сум и лут, Јуве и Сари ме измамија!

Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, мораше да пресечи и ги објави имињата на фудбалерите на кои ќе смета на претстојните натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите. 

Ако беше очекувано изоставувањето на повредениот Џорџо Кјелини, големо изненадување е неповикувањето на германскиот играч за врска Емре Чан, кој по ваквата одлука на италијанскиот тренер јавно го искажа своето незадоволство. 

„Шокиран сум. Повикот со кој ми ја соопштија одлуката не траеше ниту минута. Не добив никакво објаснување. Лут сум многу. Да ми го соопштеа ова порано, немаше повеќе да бидам дел од Јувентус. Пред неколку недели имав понуда од ПСЖ, меѓутоа останав во Јувентус, а мојот услов беше да играм во ЛШ и тоа ми беше ветено. Сигурно дека ќе разговарам со челниците по моето враќање во Торино“, рече Џан.

Покрај Чан во списокот од 22 фудбалери на Сари го нема ниту хрватскиот офанзивец Марио Манџукиќ, кој наводно е пред излезни врати и кариерата ќе ја продолжи во Катар.