• Зоран Мишевски
Иако одигра одлично прво полувреме, Џенова не успеа да запише три бода во домашниот дуел против Емполи. Натпреварот од 14. коло на Серија А на „Луиџи Ферарис“ заврши без победник (1-1), што дефинитивно повеќе ги задоволува гостите од Тоскана.
- Џенова - Емполи 1-1:
Одличниот пристап во натпреварот требаше „широко им ги отвори вратите“ на домаќините кон трите бода. По серијата шанси и полушанси, резултатот беше отворен на седум минути до полувремето. Поранешниот фудбалер на Аталанта и Олимпик Марсеј, Руслан Малиновски со индивидуално ремек-дело го отвори резултатот (1-0). Во овој период за издвојување е и ударот на Бразилецот Месиас во рамката на голот на гостите од Тоскана.
Сепак, во вториот дел момците на Џилардини како да подзастанаа, калкулираа и тоа им се одби од глава. По еден прекин Матео Канчеиери најдобро се снајде и израмни на 1-1.
Со ова реми Џенова остана на петнасеттото место, сега со 15 бода, а Емполи е две места подолу со 11 бода. Попладнево Лацио го пречекува Каљари, а вечерва Милан на „Сан Сиро“ игра против Фросиноне.