• Зоран Мишевски

Фудбалерите на Емполи се пласираа во четвртфиналето на Купот на Италија, откако по подоброто изведување пенали го елиминираа тимот на Фиорентина. Во регуларниот дел од натпреварот беше 2-2, а по пеналите повеќе среќа имаа гостите (5-6).
Натпреварот во Фиренца го одбележа пораката од трибините за Едуардо Бове, кој успешно заздравува по колабирањето на натпреварот против Интер. Треба да се истакне и убавиот гест на стрелецот на водечкиот гол за гостите, Емануел Еконг. Имено, по голот во четвртата минута, Швеѓанецот го прослави погодокот за поддршка на Бове со кревање рака за да го покаже бројот четири, истиот оној што го носи италијанскиот фудбалер.
Второто полувреме донесе целосен пресврт. Најпрвин Моизе Кин погоди во 59. минута, а единаесет минути подоцна Рикардо Соттил донесе водство за Фиорентина. Радоста на домашните навивачи траеше само пет минути, бидејќи Себастијан Еспосито донесе израмнување на резултатот.
- Извештај од натпреварот:
Победникот мораше да се реши по изведувањето на пенали. Токму Еконг промаши, но по него Раниери и Кин беа непрецизни, па Еспосито го однесе Емполи во четвртфиналето на Купот на Италија.