Емотивно збогување на Роналдо: Фала ти шефе, ти ме научи на многу нешта кои не...

Легендарниот италијански стратег, Луиџи Симони, кој своевремено беше на чело на Интер, Лацио, Наполи..., по долго боледување синоќа почина на 82-годишна возраст.

Италијанецот се наоѓаше во тешка здравствена состојба речиси цела година, откако доживеа срцев удар и вчера го загуби својот најважен натпревар во животот. Дека се работеше за голем фудбалски стратег говори фактот што бројни спортисти се збогуваа од него, меѓу кои и поранешниот најдобар фудбалер на светот, Роналдо.

„Симони за мене не беше само тренер. Кога денес ќе се навратам на тоа време, го гледам како мудар и добар човек кој никогаш не ги натера играчите да прават работи што не сакаат да ги прават. Тој беше учител. Тој беше диригент и ние бевме оркестар. Фала ти шефе, од тебе научив многу работи кои не ни помислував дека ќе ми требаат“, напиша бразилската фудбалска ѕвезда.  

Симони со Роналдо соработуваше во редовите на Интер и во 1998 година заедно го освоија тогашниот Куп на УЕФА.