ФОТО: Емотивно збогување на Ренџерс со легендата Фернандо Риксен

Натпреварот од првото коло на Г групата на Лига Европа помеѓу Глазгов Ренџерс и Феенорд започна со едноминутно молчење во чест на холандската легенда Фернандо Риксен, кој вчера на 43-годишна возраст почина по долга борба со ретка болест на нервниот систем.

Сепак, часови пред почетокот на натпреварот фанови на гигантот од Глазгов доаѓаа пред „Ајброкс“ и на емотивен начин се простуваа од својот некогашен фудбалер.

Холанѓанецот откри дека ја има ретката болест во 2013 година и шест години продолжи храбро да се бори со истата. Риксен кариерата ја почна во 1994 година и играше за Фортуна Ситард. Потоа, следеше трансфер во АЗ Алкмар, па играше за Глазгов Ренџерс и за Зенит, од каде се врати во Фортуна и ја заврши кариерата во 2013 година.

Екипата на Стивен Џерард ќе се обиде со победа која ќе му ја посвети на Риксен, да му оддаде уште една почит.