• Горан Упале
Откако стави потпис на четиригодишен договор со Џирона, Бојан Миовски, со емотивна порака реши да се збогува со фановите на Абердин, клубот каде што ги мина претходните две сезони, и во чии редови се афирмира во еден од најдобрите напаѓачи во шкотскиот шампионат.
„Прво сакам да ви се заблагодарам на сите за прекрасните две години што ги поминав во овој голем клуб, фантастичен град и неверојатни луѓе. Се чувствував како дома, тука се усовршив, благодарение на вашата поддршка, бидејќи секогаш знаев дека верувате во мене без разлика на сè.
Од моја страна секогаш го давав секој атом, за да можам барем да се обидам да го вратам она што ми го давате. Ме научивте како да се заљувам во клубот. Ви благодарам многу за тоа. Секогаш ќе бидам благодарен што ми ја дававте оваа поддршка во моето двегодишно патување во Абердин. Јас ќе бидам вашиот најголем поддржувач и им посакувам на момците успеси оваа сезона и во иднина.
Еднаш Дон секогаш Дон“, напиша Миовски на социјалните мрежи.
Во последната сезона во Абердин македонскиот напаѓач постигна 26 гола во сите натпреварувања и беше најдобар стрелец во тимот.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.