Емотивно писмо на Ристовски: Имав чест да бидам капитен на овој тим...

Стефан Ристовски и официјално заминува од редовите на Динамо Загреб, тоа го потврди клубот. 

<<< - ПОВРЗАНО - ОФИЦИЈАЛНО: Стефан Ристовски после четири и пол години го напушти Динамо Загреб

Македонскиот бек не мина предолго време во Динамо, ама со својата пожртвуваност стана икона на клубот. Поврзаноста со навивачите и клубот Ристовски никогаш не ги криел, но во последната сезона падна во поредокот. Сепак, заминувањето е емотивно за македонскиот фудбалер, како и за навивачите и сите во клубот. 

​Емотивното писмо на Стефан Ристовски ви го пренесуваме во целост:

„Мили сини, мил Динамо... 

Дојде денот за разделба и по првпат сум вака тажен, тивок и празен. А знаете дека секогаш со вас, со тимот бев полн со енергија за победи. Викав, се борев и искрено се радував до крај. Ви благодарам што на мене и моето семејство гледавте како да сме дел од вас, со љубов, навивање и респект. Каква убава приказна беше ова, прекрасна лекција за спорт, емоции, но и животот и ви благодарам за тоа од срце. 

Во целата кариера работев напорно, ги почитував и бранев нашите бои на теренот и надвор од него. Ги почитував односите со навивачите, со моите соиграчи така како што ме научија моите родители и јас ги учам своите деца кои растат и се радуваат со Динамо. Освоивме многу трофеи, остваривме историски успеси, се докажавме многу пати во Европа. Имав ретка чест и прилика да бидам капитен на овој сакан тим и да одиграм преку 180 натпревари за Динамо. 

Драги навивачи, ќе останете засекогаш во моето срце исто како и клупските бои и тоа со наш победнички стил, така како што ме научивте вие со вашата љубов кон Динамо. 

Што да додадам, а да ја сокријам тагата... Се разделуваме како пријатели, како двајца кои се сакаат. Засекогаш ќе ги носам нашите бои гордо и секогаш ќе дишам за Динамо. Во животот ме води еден цитат: „Нема предавање. Над сите, Динамо!“. 

Ви благодарам сини, ти благодарам Динамо, ти благодарам Загреб и на сите во Хрватска. Ве сака, вашиот Риле“, напиша македонскиот бек.

По четири ипол години во Динамо Загреб сега Македонецот ќе побара нова средина за следната сезона.