Емотивниот Салах им порача на соиграчите: Ќе им се одмаздиме! (ВИДЕО)

Салах

Египет загуби во финалето на Африканскиот Куп на Нации. Подобар во пенал рулетот беше Сенегал, кој првпат во својата историја се радува на оваа титула.

Мохамед Салах не стигна да шутира пенал, бидејќи беше петти избор за египетската репрезентација. Неговите соиграчи промашија двапати, поради што тажни го напуштија теренот.

„Одигравме четири натпревари по 120 минути за околу дванаесет дена, но тоа сега е минато. Ќе играме натпревари против нив следниот месец и ќе им се одмаздиме!“, порача емотивниот Салах во соблекувалната по болниот пораз.

Салах веќе е во Англија и наводно му порачал на Јирген Клоп дека е подготвен за следниот натпревар на Ливерпул против Лестер Сити.