Емотивни сцени во Мајами: Меси заигра пет дена по смртта на неговиот татко (ВИДЕО)

Лионел Меси се врати на фудбалскиот терен само неколку дена по смртта на неговиот татко Хорхе, приредувајќи емотивна сцена во Мајами. Аргентинецот во неделата го погреба својот татко, кој ден претходно почина на 68-годишна возраст по долго и тешко боледување, а веќе во четвртокот повторно беше на теренот во дресот на Интер Мајами.

Меси по враќањето од Аргентина немаше одработено ниту еден тренинг, па неговото појавување во составот беше големо изненадување за сите. Интер Мајами на домашен терен загуби од мексикански Леон со 3-2 во Лига купот на Северна и Централна Америка и беше елиминиран, иако имаше предност од 2-1, а Меси во игра влезе на почетокот на второто полувреме.

Кога се подготвуваше да влезе на теренот, на трибините завладеа вистинска еуфорија. Навивачите го поздравија со огромни овации, а кај дел од нив имаше и солзи, бидејќи беше јасно дека Аргентинецот се враќа во игра во еден од најтешките моменти во неговиот живот.

Емотивна беше реакцијата на фудбалерите на Леон, кои веднаш по неговото влегување му приоѓаа и му упатуваа зборови на утеха и сочувство.