Емотивна сцена на парадата на Реал: Таткото на Карвахал доби огромна чест (ВИДЕО)

Реал Мадрид беше дочекан во Шпанија по освојувањето на петнаесеттата титула во Лигата на шампионите. 

На парадата по улиците на Мадрид, дел од полициската придружба беше таткото на Дани Карвахал кој исто така е полицаец. Тој на коњ го водеше автобусот со фудбалерите низ престполнината на Шпанија. 

Карвахал го забележа тоа, па во еден момент го запре движењето и со пехарот се симна да се фотографира со својот татко.