ВИДЕО: Емотивна прегратка на сопругата и Лео Меси на дочекот во Буенос Аирес

Хероите на аргентинската нација, фудбалските репрезентативци кои пред два дена ја освоија Копа Америка пристигнаа во татковината и без пречекени од илјадници луѓе кои и покрај рестриктивните мерки се собраа во голем број да ги поздрават Меси, Ди Марија, Лаутаро...

Посебно емотивна беше првата средба по карантинот и едномесечниот турнир на најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси со својата сопруга Антонела Рокуцо. Прегратката и бакнежите на авионската писта ја забележаа фотографите, а по видео повиците и разговорите, Лео можеше да ги прегрне своите три сина.

  • Лео Меси и Антонела Рокуцо на аеродромот во Буенос Аирес: 

Аргентина го прекина постот од 28 години без сениорски трофеј, а Меси го освои 38-то трофеј во професионалната кариера.