Емотивна посвета на Меси: Титулата е за Диего, сигурно го гледаше финалето... (ВИДЕО)

Меси Марадона

Аргентина конечно освои голем трофеј заедно со Лионел Меси, откако славеше во финалето на Копа Америка во дуелот со Бразил.

„Гаучосите“ чекаа речиси три децении на титулата на едно големо натпреварување. Истата ја дочекаа на „Маракана“, теренот на лутиот ривал предводен од Нејмар.

Меси се огласи на социјалните мрежи со емотивна порака, посветувајќи му го успехот на покојниот Диего Армандо Марадона.

„Титулата е за сите вас. И, секако, и за Диего, кој сигурно нè гледаше од каде и да е...“ , напиша Аргентинецот.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

33-годишникот до неодамна не успеваше да освои меѓународен турнир во репрезентативниот дрес и покрај тоа што одигра четири финалиња.