• Саше Љолес
Ждрепката за лигашката фаза во Лигата на шампионите донесе една исклучително интересна пресметка - Реал Мадрид ќе игра против Интер, клубот со кој Жозе Мурињо ја освои фамозната „триплета“.
Португалецот сега е на клупата на „кралскиот клуб“, а токму со Интер во 2010 година испиша една од најголемите страници во својата кариера.
Мурињо со италијанскиот гигант во 2010 година ја освои Лигата на шампионите, а сезоната ја заврши со историска триплета - Скудето, Купот на Италија и европската круна. Во составот на „неораѕурите“ беше и нашиот Горан Пандев.
Само неколку дена по триумфот во Мадрид, Мурињо го напушти Интер и се пресели токму во Реал Мадрид. Сега, 16 години подоцна, ќе се најде на спротивната страна од клубот со кој го доживеа еден од најголемите успеси во кариерата.
Интер, пак, во новата сезона ќе има исклучително тежок распоред, бидејќи покрај Реал Мадрид ќе се соочи и со Ливерпул. Реал во лигашката фаза ќе игра против осум противници, а дуелот со Интер дефинитивно ќе биде еден од оние кои ќе привлечат најголемо внимание.
За Мурињо ова ќе биде емотивна средба со клубот со кој го освои трофејот во Лигата на шампионите пред 16 години, но овојпат задачата ќе биде да го совлада Интер и да го одведе Реал Мадрид до нов голем европски успех.








