ВИДЕО: Емоции до бесвест – еве што значи да ве повикаат во националниот тим

Озтурк

Да се бранат боите на националниот дрес е сон на секој професионален фудбал. Емоциите кои се чувствуваат додека се игра за својата држава се неспоредливи со клупските натпревари.

Турската репрезентација игра одлично во квалификацискиот циклус за пласман на Мундијалот во Катар. По првите три меча има две победи и едно реми на домашен терен.

Во тимот на Шенол Ѓунеш во изминатиот период дебитираше 27-годишниот Алпаслан Озтурк. Дефанзивецот, кој може да игра улога во средниот дел од теренот, покажа голема емоција во моментот кога дозна за репрезентативниот повик.

Видеото веднаш стана хит и е мотивација за сите оние кои чекаат деби за својата репрезентација:

Озтурк игра во домашниот шампионат и ги брани боите на Гезтепе. Одличните настапи во тековната сезона го убедлија селекторот на Турција да ја донесе оваа одлука.