ВИДЕО: „Емирати“ го исвирка Џака – тој пцуеше, го соблече дресот и си замина!

Арсенал игра незадоволително во Премиер лигата, прокоцка два гола предност и само ремизира со Кристал Палас (2-2), а на мечот на „Емирати“ на удар се најде капитенот Гранит Џака.

Швајцарецот беше заменет во 61. минута од натпреварот, а публиката го испрати надвор од теренот со свирежи. Видно револтиран од третманот, Џака прво ги опцу навивачите, го соблече дресот и си замина во тунелот.

Арсенал е на петтото место во Премиер лигата, а во последните пет кола има две победи.