• Мартин Танасковски
Емир Скендери си замина од тимот на Беса Добридол, но брзо најде нов клуб затоа што има анажман во Албанија.
24-годишниот центарфор е нов член на тимот на Вора. Се работи за второлигаш од Албанија кој во моментов е на лидерското место и важи за еден од главните фаворити за промоција следната сезона.
Скендери во ПМФЛ одигра 16 меча изминатата полусезона на кои даде еден гол. За него Вора е прв странски тим, со оглед на тоа што досега настапуваше за Македонија ЃП, Струга, Брера, Тиквеш и Кожуф.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

