• Мартин Танасковски
По завршувањето на сезоната во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), ги имаме и најдобрите стрелци на листата по сите одиграни натпревари.
Најдобар на листата на стрелци беше Изаир Емини од редовите на новиот шампион и прволигаш Беса од Добридол. Играчот кој замина во пензија на 38-годишна возраст сезоната ја заврши со вкупно 14 постигнати гола.
Веднаш зад него беше напаѓачот Марио Станковски од Тетекс, кој реализира 13 пати во противничките мрежи. Даваше голови во многу натпревари, настапи на 21 меча оваа сезона, но не успеа да го спаси Тетекс од испаѓање во понизок ранг.
Третото место го делат Фитон Адеми од Беса, Симеон Христов од Пелистер и Бојан Спиркоски од Пелистер, тројцата постигнаа по 12 гола.