Емини „стрелаше“ за нова победа на Кукеси во албанската лига

Македонскиот интернационалец Изаир Емини продолжува со одличната голгетерска низа во шампионатот на Албанија, откако дојде и до шестиот погодок пролетва, со кој Кукеси славеше над  Лачи со 1-0.

Поранешниот напаѓач на Ренова пролетва, не само што е прв стрелец во својот тим, туку и во тамошниот шампионат. По ова логично е прашањето кое се наметнува, дали ќе добие повик од нашиот селектор Игор Ангеловски за следните контролни натпревари.

Денешниот гол вреден победа и три бода, Македонецот го постигна во 73. минута. Емини откако се пресели во Кукеси, кој сега со 41 бод се наоѓа на третото место на табелата, на 7 меча постигна 6 погодоци.