ВИДЕО: Емини погоди за Суперкуп титула на Кукеси!

Македонскиот интернационалец Изаир Емини е херојот на својот клуб Кукеси, кој благодарение на неговиот погодок стигна до Суперкупот на Албанија во дуелот со актуелниот шампион Скендербег, кој беше совладан со резултат од 1-3.

Поранешниот голгетер на Ренова, кој со исто темпо продолжи и во шампионатот на Албанија, при резултат од 1-1, во 75. минута погоди за 1-2 и големо славје кај навивачите на неговиот клуб. Приморани од негативата, фудбалерите на Скендербег тргнаа во тотална офанзива, што Кукеси знаеше да го казни во судиското продолжение со нов гол за ставање печат на победата и титулата.

За Кукеси ова е нов огромен успех, откако минатата сезона го освои Купот на Албанија и се избори за пласман во Европа.