ВИДЕО: Емини му донесе победа на Кукеши

Македонскиот интернационалец Изаир Емини имаше одлично попладне во Албанија во дресот на неговиот Кукеши.

Кукеши на домашен терен со 1-0 (0-0) славеше над Љуфтетари, а токму Емини го постигна победоносниот гол. Со триумфот над тимот кој се наоѓа во долниот дел од табелата, Кукеши се искачи на второто место во првенството на Албанија со 17 бода, два помалку од лидерот Скендербег, кој својот меч го игра утре.

За Емини ова е втор гол сезонава, по погодокот против Тирана.