• Саше Љолес
Фудбалерите на Тулуз се изборија за херојски пресврт и победа на гостувањето кај Лион (1-2) во натпреварот од седмото коло во француската Лига 1. „Лавовите“ имаа предност по првите 45 минути со голот на Малик Фофана, но потоа доживеаја шок пред своите навивачи.
- Извештај од натпреварот:
Гостите од Тулуз заиграа многу подобро во вториот дел и создадоа неколку добри шанси, а круната на нивниот труд дојде во завршните минути од мечот. Херој беше Бразилецот Емерсон, кој постигна два гола во период од само девет минути и донесе огромен триумф за својот тим.
Најпрво биеше во 87. минута за израмнување на 1-1, а конечните 1-2 беа поставени во шестата минута од судиското надополнување. За Лион ова е втор пораз сезонава, додека Тулуз се избори за третата победа, со која се искачи на деветтата позиција на табелата.







