• Саше Љолес
Астон Вила испиша нова страница во својата историја со убедливата победа од 3-0 над Фрајбург во финалето на Лига Европа, а тренерот Унаи Емери порача дека клубот нема намера да застане тука.
Шпанскиот стратег, кој ја освои својата рекордна петта титула во ова натпреварување, изјави дека успехот е резултат на огромната работа и посветеност на целиот тим, но и дека пред Вила допрва следуваат уште поголеми предизвици.
„Трофеите му даваат смисла на тоа што го работиме. Нема да застанеме тука. Следната сезона ќе играме во Лигата на шампионите и тоа е нов предизвик.
Таму се најдобрите клубови во светот, а ние ќе се обидеме да стигнеме што подалеку. Не сакам ништо да прогнозирам, сега сакаме да уживаме во овој славенички момент“, изјави Емери.
Со овој триумф, Астон Вила го освои првиот европски трофеј по 44 години. Емери уште еднаш ја потврди својата репутација како еден од најуспешните тренери во европските натпреварувања.


