• Горан Упале
Унаи Емери, тренерот на Астон Вила, изјави дека поразот од 3-1 против Пари Сен Жермен во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите не ги менува плановите на неговиот тим за реваншот.
Премиерлигашот во Париз отпатува со една цел – да се одбрани од налетите на разиграниот домаќин. Донекаде успеа во тоа, но сепак, во самиот финиш ПСЖ се избори за комотна предност за реваншот во Бирмингем.
„Очекував ваков резултат, 2-1 или 3-1. Сега играме дома и тоа ќе биде голем предизвик, но ќе бидеме посилни со поддршката на нашите навивачи на „Вила парк“. Нашиот став останува ист – мора да победиме со повеќе од еден гол разлика.
ПСЖ има големо искуство со вакви натпревари на гостински терен. Но, ние ќе се поврзуваме со нашите поддржувачи и ќе ја пренесуваме енергијата. Ако правиме добри работи тактички и индивидуално на теренот, навивачите ќе ја зголемат нашата енергија и ќе ни помогнат многу“, рече Емери.
На првиот натпревар Астон Вила поведе со голот на Роџерс, но победата на ПСЖ ја обезбеди Дуе, Кварацкелија и Мендеш.






