• Зоран Мишевски
По ланската одлична сезона и лошиот старт на оваа, фудбалерите на Нотингем Форест конечно забележаа домашна победа и тоа со третиот менаџер на клупата. „Шумарите“ на Шон Дајч беа подобри од Лидс Јунајтед и го совладаа со 3-1. Сангаре, Гибс-Вајт и Андерсон од пенал беа стрелци на головите за домаќините, а Лукас Нмеча го постигна единствениот гол за гостите.
- Нотингем Форест - Лидс Јунајтед 3-1:
Полека вистинскиот ритам го фаќа и Астон Вила на Унаи Емери. Ланскиот четвртфиналист на Лига Европа му го нанесе најтешкиот пораз на Борнмут на Андони Ираола сезонава и го победи со 4-0. Буандиа и Онана во првото и Баркли и Мален во второто полувреме ги постигнаа головите за поранешниот европски шампион.
- Астон Вила - Борнмут 4-0:
Во најнеубедливото издание на Њукасл оваа сезона, „чавките“ загубија во Брентфорд со 3-1. Шаде, Игор Тиаго со два гола беа стрелци за домаќините, а Харви Барнс го постигна единствениот погодок за Њукасл.
- Брентфорд - Њукасл Јунајтед 3-1:
Без голови заврши дуеоот на Кристал Палас и Брајтон (0-0).







