Емери ја продлабочи легендата: Четврта титула од пет финалиња во ЛЕ

Баксискиот тренер, Унаи Емери, кој покрај во Шпанија, работеше и во Русија, Франција и Англија, ја продлабочи својата легенда во Лига Европа. После трите титули со Севиља, Емери вечерва го освои четвртиот пехар во ова натпреварување, откако со Виљареал го совлада Манчестер Јунајтед со 12-11 по казнени удари, по 1-1 во регуларниот тек и по продолжението. 

Емери загуби во финале на Лига Европа само со лондонски Арсенал во 2019 година во Баку, во англискиот дуел против Челзи на Сари.

Емери го надмина легендарниот Италијанец, Џовани Трапатони и сега е сам на вечната листа на Лига Европа (и поранешниот Куп на УЕФА).

Шпанските клубови не знаат за пораз во ова натпреварување и освоија седум од последните десет изданија на Лига Европа.