Емери и Трапатони со по три трофеи од Лига Европа, Симеоне го брка вториот

Унаи Емери Џовани Трапатони со по три освоени титули во Купот на УЕФА или Лига Европа се водечки на вечната листа на УЕФА на ова натпреварување. 

Трапатони титулите ги освојуваше на два пати со тимот на Јувентус во 1977 и 1993 година и со тимот на Интер во 1991 година. Емери трипати по ред со Севиља го освојуваше трофејот, победувајќи ги Дњипро, Бенфика и Ливерпул.

Зад Емери на листата со по две титули остана Хуанде Рамос (и двете со Севиља), Рафаел Бенитез (Валенсија и Челзи) и Луис Моловни (двете титули со Реал Мадрид). Ако вечерва Атлетико Мадрид го совлада Олимпик Марсеј, Симеоне ќе дојде до третата титула во ова натпреварување.