• Иван Димовски
Астон Вила загуби од ПСЖ со 1-2 во Суперкупот, но Унаи Емери беше задоволен од настапот на својот тим и порача дека англискиот клуб се приближува до нивото на европскиот шампион.
„Многу, многу сум среќен затоа што ни недостигаа неколку играчи, а сè уште имаме работа за завршување, но денес покажавме дека се приближуваме против одличен тим. По натпреварот, играчите чувствуваа дека можат да се натпреваруваат со ПСЖ и тоа е најважното за мене. Го сакав овој трофеј, но имајќи го предвид начинот на кој игравме, шансите што ги создадовме и квалитетот на нашите поединци, многу сум горд на играчите“, изјави Емери.
Шпанецот така и покрај поразот доби дополнителна потврда дека Астон Вила може да се носи со најдобрите европски екипи, што ќе биде важен сигнал пред продолжението на сезоната.

