ВИДЕО: Емболо „удри“ по родниот Камерун, па не го прослави голот

Фудбалската репрезентација на Швајцарија прва дојде до погодок во пресметката со Камерун (1-0), во рамките првото коло на Светското првенство. 

Резултатот во Ал Вакрах го отвори Брел Емболо, по проигрување од Џердан Шаќири во 48. минута од мечот. Напаѓачот на Монако несфатливо остана небранет на петерецот, Шаќири му одложи топка по земја, а овој само лесно ја смести во мрежата за 1-0. 

  • Голот на Берл Емболо против Камерун: 

Сепак, Емболо не го прослави првиот погодок на Швајцарците на Мундијалот. Причината за тоа е неговото потекло од Камерун. Фудбалерот е роден, додека неговиот татко сè уште живее во Камерун, па поради почит кон родната земја Емболо не славеше. 

Состави

Мурат Јакин

4-2-3-1

    Rigobert Song Bahanag

    4-1-4-1