Емболо: Со првенецот ми се оствари сонот, му посакувам успех на Камерун

Брил Емболо, напаѓачот на Швајцарија, беше човек на одлука во победата над Камерун (1-0). Играчот го постигна единствениот гол, но не го прослави затоа што е роден во африканската земја.

Таткото на Емболо е од Камерун и живее таму, додека фудбалерот со мајка му од поодамна се заминати во Швајцарија. Напаѓачот истакна дека е горд што го дал првиот гол на СП, а на Камерун му посака среќа.

„Многу сум горд. Остварување на сонот е да дадеш првенец на СП. Честитки за целиот тим затоа што покажавме зрела игра. Во првото полувреме ги контролиравме работите, а потоа направивме две грешки. На паузата имавме разговор, а во второто полувреме успеавме да ги спроведеме работите кои ги разговаравме. Сакаме да продолжиме понатаму. На Камерун му посакувам успех“, изјави Емболо.

Швајцарците покрај со Камерун се наоѓаат во група заедно со Бразил и Србија кои вечерва го играат својот натпревар.

Состави

Мурат Јакин

4-2-3-1

    Rigobert Song Bahanag

    4-1-4-1