ВИДЕО: Емболо човек на одлука, Швајцарија минимално слави со Камерун

Фудбалерите на Швајцарија минимално ја совладаа селекцијата на Камерун (1-0), во рамките на првото коло на Светското првенство во Катар. Средбата која се одигра на стадионот „Ал Јануб“ во Ал Вакрах не понуди премногу возбудувања и атрактивна игра, Швајцарците поведоа на стартот на вториот дел и потоа рутински го одбранија водството за први бодови. 

Првото полувреме од пресметката тргна со доста мирно темпо, двете селеции не преземаа непотребни ризици и се играше на средината. Првите две закани ги имаше африканскиот тим. Мбеумо го опомена Јан Зомер, додека по него Токо Екамби од колосална шанса биеше над голот. 

  • Извештај од натпреварот:

Во финишот на полувремето имаше обиди на двете страни, меѓутоа мрежите не се тресеа. Веднаш на стартот на продолжението Швајцарија дојде до предност. Течеше 48. минута, доста простор на десната напаѓачка страна имаше Џердан Шаќири, додека во шеснаесетникот несфатливо осамен остана Брел Емболо. Шаќири одложи до неговиот соиграч, a напаѓачот лесно погоди од петерецот за водство од 1-0. 

Камерунците се обидоа да се вратат, се наметнаа и го притиснаа европскиот противник, меѓутоа Зомер и одбраната беа на висина на задачата. Голема шанса по една брза транзиција имаа Швајцарците, меѓутоа Андре Онана одлично го одбрани ударот на Варгас. Иако селекторот Ригоберт Сонг направи офанзивни измени, неговите избраници не успеаја ниту еднаш да го стават на сериозни маки противничкиот голман и на крајот го загубија натпреварот. 

Во групата Г се натпреваруваат уште Бразил и Србија кои играат вечерва. Во следното коло Камерунците одат на мегдан со „орлите“, додека Швајцарците одат на мегдан со апсолутниот фаворит во групата. 

Состави

Мурат Јакин

4-2-3-1

    Rigobert Song Bahanag

    4-1-4-1