ВИДЕО: Елверсберг го декласира Мајнц и им се врати на победите во Бундеслигата

Екипата на Елверсберг продолжува со променливите настапи во германската Бундеслига, но вечерва имаше причина за задоволство, откако на домашен терен убедливо го совлада Мајнц со 4-1 (3-0), во натпреварот со кој беше отворено осмото коло.

  • Извештај од натпреварот:

Домаќините уште во првото полувреме ја завршија најголемата работа и со три погодоци практично ги решија дилемите околу победникот. Феликс Кајдел во седмата минута од слободен удар го отвори резултатот, а во 26. минута Феми Ониека ја удвои предноста на Елверсберг. Точка на одличното прво полувреме стави Мариус Кратенмахер, кој во судиското продолжение, погоди за убедливи 3-0.

Во продолжението Елверсберг без поголеми проблеми ја зачува предноста, а во самата завршница младиот американски напаѓач Кол Кембел со својот втор овосезонски погодок стрелаше за убедливи 4-0, додека почесниот погодок за гостите го постигна Холербах во 92 минута.

За домаќините ова беше четврта победа во досегашниот дел од сезоната, додека Мајнц го претрпе четвртиот пораз.

Состави

Vincent Wagner

4-2-3-1

    Урс Фишер

    4-4-2