• Сашо Поповски

Наполи ја продолжи трката со Интер и рутински славеше над Салернитана (4-1) на „Диего Армандо Марадона“ во 22. коло од Серија А. Ељиф Елмас запиша една асистенција и тоа при првиот погодок на Хуан Хесус по седумнаесет минути игра.
- Наполи - Салернитана 4-1:
Домаќинот беше далеку подобар ривал и на крај заслужено запиша убедлив триумф. Два удари од белата точка реализираа Дриес Мертенс и Лоренцо Инсиње, а во листата на стрелци се запиша и Амир Рахмани. Голот за утеха на гостинскиот тим го постигна Федерико Бонацоли и тоа за израмнување во првиот дел. Тимот на Лучијано Спалети има четири бода помалку, но и натпревар повеќе во однос на лидерот во италијанското првенство.
Домашниот терен не го искористи и Торино кој пред своите гледачи ремизираше против Сасуоло (1-1). „Биковите“ играат во одлична форма и продолжија без пораз во домашниот шампионат. Антонио Санабрија донесе предност за својот тим, а Џакомо Распадори во 88. минута ги израдува гостите, кои заслужено си заминаа дома со еден освоен бод.
- Торино - Сасуоло 1-1:
Тврд натпревар одиграа Специја и Сампдорија, на кој на крај победи домашната екипа (1-0). И двете екипи имаа потреба од бодови, а на крај пресуди реализацијата на Даниеле Верди во вториот дел.
- Специја - Сампдорија 1-0:
Попладнево играат Емполи и Рома, а вечерва на програмата е дербито меѓу Милан и Јувентус.