Елмас со мали проблеми на последниот тренинг на Наполи

Елмас

Ељиф Елмас имал мали проблеми на последниот тренинг на Наполи. Македонскиот фудбалер побарал помош од докторскиот тим, при еден пад на теренот.

Лучијано Спалети ја започна својата работа во тимот од Неапол. На последната тренинг сесија организира меч 11 против 11, на кој по еден цврст дуел на болки се пожали младиот офанзивец. За среќа, Елмас набрзо стана, по докторската интервенција, и го продолжи тренингот без никакви проблеми.

21-годишникот се надева дека ќе покаже доволно квалитет за да го убеди новиот тренер да му овозможи повисока минутажа, во однос на ланската сезона.

Наполи ќе го отвори шампионатот со домашен дуел против Венеција.