ВИДЕО: Елмас сигурен пеналџија, Наполи по десет серии го исфрли Каљари!

Фудбалерите на Наполи се пласираа во четвртфиналето на Копа Италија, откако го победија Каљари по пеналите со 9-8, откако во регуларното време беше 1-1. Натпреварот на „Диего Армандо Марадона“ понуди огромна борба, а потоа во пенал-рулетот драмата кулминираше. 

  • Извештај од натпреварот:

Ељиф Елмас беше стартер и го одигра цел меч за тимот предводен од Антонио Конте и беше еден од реализаторите на пенали. 

Резултатот го отвори Лоренцо Лука кој по асистенција од Вергара погоди за 1-0 во 28. минута од мечот. Долго време овој резултат не се менуваше, а потоа во вториот дел Себастијан Еспозито донесе израмнување за клубот од Сардинија во 67. минута. 

Наполи не успеа да се наметне до крајот, па мечот стигна до пеналите. Први промашија гостите преку Феличи, а Давид Нерес промаши пенал за победа. Потоа се шутираа вкупно десет серии, погоди Елмас и дури голманот Вања Милинковиќ-Савиќ кој потоа му го одбрани и ударот на Лувумбо, па Бонџорно ја завери победата. 

Во четвртфиналната фаза Наполи оди на подобриот од дуелот меѓу Фиорентина и Комо.